Забава

Мало дете доби куче на подарок, погледнете ја неговата реакција

Родители од САД споделија видео на кое се гледа моментот кога на својот син Фрем му подарија кученце за роденден. Малото момче отиде до кутијата, а неговиот татко му помогна да ја отвори.

– Фрем, што е тоа? – го прашува неговата мајка. Иако сѐ уште не зборува, момчето не можеше да го сокрие задоволството кога го виде кученцето. Родителите го извадија кученцето од кутијата, а тоа веднаш отиде во прегратка кај Фрем.

Видеото собра повеќе од 13 милиони прегледи, а луѓето беа особено воодушевени од смеата на Фрем.

– Ова ме расплака. Тие двајца ќе бидат најдобри пријатели, засекогаш – пишува еден интернет-корисник.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top