Воспитување

„Малку нешта во животот може да се споредат со љубовта што ја раѓате“

Нешто толку убаво како тоа да бидам твоја мајка.

Нешто толку напорно како тоа да сум твоја мајка.

Нешто како цела религија во која сум јас верник кој верува во љубов која расте, слави родендени, прераснува во личност која отиде од мене за да го најде сето она во што ќе верува со целото свое срце.

Раѓаш дете за да биде спремно да си замине од тебе. Толку многу нежна суровост во една мисла.

Некако ми е тажно што мајчинството нема подобар маркетинг.

Принудени да зборуваме за тоа колку лошо сме третирани за време на породувањето, колку се мачиме за да се избориме за разни работи, лути на различни системи, од образование до здравство, па никако мајчинството да добие кампања со работен наслов:

„Малку нешта во животот може да се споредат со љубовта што ја раѓате“.

Таа магија што вашето битие во вас може да се храни, да дише напоредно со тој грст на клетки и потоа да донесе сосема ново суштество во светот – тоа е целосно фасцинантно на толку многу нивоа.

Кога ќе погледнам од тој агол, ми станува јасно зошто жените со години минуваат низ вонтелесен пекол. И разни други пеколи.

Никогаш не престанав да бидам среќна со целото мое битие и да бидам благодарна што баш неа ја родив.

Да, јас сум многу повеќе од фактот дека сум нејзина мајка. Но, тоа чувство на местото каде што растеше, го донесе само таа.

Да, постојано повторуваме дека не мора да си мајка за да бидеш жена. Не мора, навистина. Биди сѐ што може да биде твоето битие. Што сака да биде.

Но, ако си и мајка – прекрасно е, храбро е, многу е убаво и важно што своето тело, како дом, си го отстапила на нов живот. И тогаш кога се родил тој нов живот, си се согласила да ти го земе речиси целото срце. И повеќето од нервите.

Да не заборавиме редовно да повторуваме: прекрасни сте како мајки и како жени и имате со што да се гордеете.

Бидете.

Автор: Бранкица Раковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top