Ако сте родители на деца кои одолжуваат, тоа може да ве извади од такт. Освен фрустрирани, одолжувањето на работите од страна на вашето дете веројатно прави и да се чувствувате немоќни, Сакате да им помогнете да ја надминат оваа лоша навика за која знаете дека ќе ги попречува во животот, но немате енергија постојано да војувате.

Што треба да направите?

Ако сте како повеќето родители, на одолжувањето од страна на вашето дете гледате како на чин на намерен пркос. Но, студиите покажуваат дека има многу повеќе зад сето тоа. Тимоти Пихил, професор на Универзитетот „Карлтон“, открива дека одолжувањето е емоционална стратегија за справување со стресот – особено анксиозноста.

Следуваат пет стратегии за воспитување мотивирани деца кои никогаш не ги одложуваат работите:

Родителите ги идентификуваат одвлекувачите на вниманието на нивното дете

Паметните развивачи на мобилни апликации развиле софтвер за одложување или блокирање на вчитувањето на вашата омилена веб-локација. Како резултат на тоа, одложувањето станало помалку пријатно. Обидете се да имплементирате слична стратегија во вашиот дом со исклучување на безжичниот интернет за време на пишување на домашните задачи, како и со отстранување на уредите (телефон, ајпад итн.) од собата. Околината без пречки во вниманието му помага на вашето дете да се фокусира, без разлика дали ги прави домашните задачи или поминува време со семејството.

Ги учат децата на емоционална регулација

За да се спротивставите на одолжувањето, прво треба да станете свесни за емоциите. Само тогаш можеме да го отфрлиме нашиот одговор „бори се или бегај“ за задачата што е ни е на располагање. Ова ни овозможува да користиме „алатки“, како што е длабоко дишење (од дијафрагма), кое ни помага да останеме присутни и фокусирани на она што треба да се реши.

Далај-лама XIV истакнал: „Ако секое осумгодишно дете се научи на медитација, ќе го елиминираме насилството во светот за една генерација“. Учењето на вашето дете на медитација е нешто што ќе му помогне на многу нивоа. Кога стануваме свесни за контролираниот хаос во нашите животи, ги центрираме мислите и знаеме дека сме доволни такви какви што сме, функционираме од местото полно со љубов и стравот се намалува.

Поставуваат помали цели

Голем проект на училиште или дома може да изгледа како огромен товар, дури и за возрасните, па замислете како може да се чувствува детето. Обидете се да му покажете на вашето дете како да ги раздели големите задачи на помали делови. Ова ќе помогне да се намалат стресот и притисокот.

Ги поврзуваат своите цели со привилегии

Дозволете им на вашите деца да гледаат телевизија или да пребаруваат на интернет откако ќе ја завршат домашната задача (и само тогаш). Џорџ М. Капалка, автор на книгата „Воспитување на вашето дете кое е надвор од контрола“, верува дека ова му помага на вашето дете да научи дека привилегиите произлегуваат од одговорното однесување.

Им помагаат на децата да научат добро да управуваат со времето

Нашите деца не знаат како успешно да го организираат и управуваат своето време. Наша работа е да ги научиме како да работат ефикасно. Вашите деца нека ги запишат своите задачи и нека ги прецртуваат завршените, додека ги извршуваат. Ова им помага да се чувствуваат успешно и тоа ја зголемува нивната самодоверба. Родителите можат да започнат да ги наградуваат своите деца на две или три години, со налепници, на пример, или излети во природа. Запомнете, секогаш е плус ако можете да бидете одговорни и забавни.
Спроведувањето на овие пет алатки во вашиот дом им помага на вашите деца да ги негуваат вештините потребни за да се минимизира одолжувањето. Колку порано почнете да ги користите овие стратегии, толку ќе биде полесно за целото семејство да ги заврши работите навреме и да уживате во времето поминато заедно.

Автор: Брент Берман

Извор



912

X