Воспитување

Холандските деца се најсреќни на светот – еве зошто

Децата во Холандија се сметаат за најсреќни на светот, според известувањето на УНИЦЕФ кое рангира 41 земја врз основа на менталното здравје на децата, физичкото здравје и развојот на академски и општествени вештини. Холандија е на врвот, а следуваат Данска и Норвешка. Истражувачите веруваат дека неколку причини се клучни што децата од Холандија се најсреќни на светот. Во известувањето јасно е наведено дека заработката, образованието, станбениот и здравствениот статус на земјата се некои од главните причини зошто Холандија е подобро место за живот за децата.

Асертивен родителски стил

Холанѓаните главно го следат асертивниот стил на родителство. Ги слушаат своите деца, а истовремено го кажуваат она што го сметаат за правилно. Тоа помага во намалување на судирите помеѓу децата и родителите. Асертивноста често се меша со агресивност, но тие две работи се спротивставени. Кај асертивниот стил родителите ги изразуваат своите потреби со почит, покажуваат емпатија кога слушаат и моделираат интегритет. Тоа многу помага во одржување на љубовта и топлината помеѓу родителите и децата.

Отворена комуникација

Добрата комуникација е клуч на силните врски. Холанѓаните се отворени за разговор на теми кои родителите од другите земји понекогаш ги сметаат за табу. Отворената комуникација им помага на децата да имаат доверба. Од раѓање се учат да кажуваат што мислат. Имаат слобода на говор, вероисповед и сексуално изразување.

Семејството е на прво место

Холанѓаните го ценат своето семејство и му даваат предност над сè друго. Дури и ако имаат напорен распоред, никогаш не забораваат да му се посветат на семејството. Децата редовно вечераат со родителите и учествуваат во други активности. Мајката и таткото имаат еднаква улога во воспитувањето на детето. Татковците имаат право и на слободен ден за чување деца. Тоа ги прави овие родители најсреќни на светот, а среќни родители одгледуваат среќни деца.

Некомпетитивно образование

Кога се работи за образованието, Холанѓаните ја ценат разновидноста и вклученоста. Родителите имаат здрав став кон своите деца и нивната иднина. Не им вршат притисок на своите малечки за да постигнуваат одлични оценки. Им дозволуваат самите да го изберат својот пат и ги поддржуваат нивните одлуки. Реални се во поглед на можностите на своите деца и им даваат слобода да ги истражуваат своите граници.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top