Новите истражувања покажуваат дека малите деца на 14 месеци го сфаќаат концептот на броење.

Иако бебињата не почнуваат да зборуваат јасно додека не наполнат две години, тие можат да бројат многу порано отколку што претходно се сметало.

Ова го пишува во новото истражување од Универзитетот „Џон Хопкинс“, кое открило дека децата помеѓу 14 и 18 месеци можеле да ги избројат играчките за време на експериментите со истражувачите.

– Иако тие се години оддалечени од сфаќањето на точното значење на зборовите за броење, децата на оваа возраст веќе можат да препознаат дека броењето е поврзано со броевите – вели авторот Лиза Фејгенсон, когнитивен научник од „Џон Хопкинс“, која специјализира за развој на нумеричката способност кај децата.

– Истражувањата како нашето покажуваат дека малите деца имаат прилично софистицирано разбирање за светот – тие веќе се обидуваат да ја најдат смислата во тоа што го кажуваат возрасните, а тоа го вклучува овој домен на броење и броеви – додава таа.

Фејгенсон и Џени Венг, поранешен дипломиран студент на „Џон Хопкинс“ и една од авторките на истражувањето, се обиделе да утврдат дали е вистина дека малите деца не разбираат целосно како функционираат броевите до четиригодишна возраст. Биле изненадени од тоа што го откриле.

Во текот на експериментот бебиња на возраст од 14 и 18 месеци гледале како играчките, кучињата и автомобилите ги кријат во кутија, но не можеле да видат што има внатре, а со рацете можеле да ги допрат предметите во кутијата. Кога на бебињата не им се броеле играчките или предметите што се наоѓале во кутијата, тие не можеле да се сетат дали во кутијата имало една или повеќе работи. Но, кога ги броеле играчките како што се ставале во кутијата, бебињата очекувале да се појават повеќе од една. Иако бебињата не можеле да се сетат на точниот број на играчки, тие знаеле колку треба да има во кутијата.

Потребни се повеќе истражувања

– Кога им ги броевме играчките на бебињата пред да ги скриеме, тие подобро се сеќаваа колку играчки има. За истражувач, овие резултати беа навистина изненадувачки. Овие резултати се први што покажуваат дека многу малите деца имаат чувство кога другите бројат – тоа е поврзано со грубата димензија на квантитет во светот – изјави Ванг. Тимот сега спроведува последователни истражувања за да утврди дали малите деца можат да реагираат на броење на различни јазици.

 



912

X