Кога зборуваме за работите на кои треба да ги научиме децата, понекогаш забораваме на мали гестови, манири, постапки кои можат да направат голема разлика.
Ова се некои од тие гестови. Оние кои, штом ќе им го привлечете вниманието на децата, обично им остануваат врежани до крајот на животот.
– Никогаш не ракувај се со некого додека седиш. Секогаш стани и исправи се. На тој начин покажуваш почит.
– Кога преговараш, немој прв да даваш понуда. Погрижи се другата страна да го направи тоа.
– Кога некој ќе ти довери тајна, чувај ја. Секогаш.
– Внимателно избирај ги хероите и моделите. Постави високи стандарди.
– Секогаш врати го позајмениот автомобил со полн резервоар.
– Кога ќе одлучиш да танцуваш, играј со страст. Или не играј.
– Кога се ракуваш, погледни ја личноста в очи. И не штеди ги рацете. Благ стисок и полна дланка.
– Ако на плажа ти треба музика, ја промашуваш поентата.

– Кога ќе стапиш во брак, не добиваш само партнер/ка. Добиваш цело семејство.
– Биди како патка. Мирен на површина, но веслај со цела сила однатре.
– Не пропуштај да го доживееш задоволството да патуваш без друштво.
– Никогаш не плаши се да ѝ пријдеш на најубавото/најубавата момче/девојка на забавата.
– Ако некогаш добиеш шанса, говорите пишувај ги сам.
– Биди она дете кое на одмор ќе му пријде на новото другарче.
– Кога ќе напишеш лута порака, прочитај ја повторно. Внимателно. Потоа избриши го.
– Замоли ја мајка ти да си играте. Таа нема да ти дозволи да победиш.
– Дај му признание на другиот кога ќе го заслужи тоа. Прифати ја одговорноста за грешката, ако е твоја.
– Спротивстави им се на насилниците.
– Ти ги избираш твоите соништа.
– Биди сигурен во себе и скромен. Истовремено.