Игротека

Мали, големи креативци: Вредните рачиња на учениците од „Тодор Ангелевски“ – Битола, на Јован, Филип, Константина и Бисера

Новогодишните празници се голема радост за децата. Китиме, цртаме, правиме креативни изработки… Ова е нова група фотографии што ни ги испратија родители, учители и наставници од креативните изработки што ги работеле со децата. Деца.мк ќе објавува вакви фотографии до крајот на оваа година. За најинтересните следуваат подароци

Ова се дел од креативните изработки на учениците од прво 1 и наставничката Слаџана Бојаџиева од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ – Битола.

Кристина Силјаноска и нејзиниот 4-годишен син ни испратија фотографии од честитките направени за учителките во градинка, како и од изработки за децата.

Ѓурѓица Кутаноска и синчето Јован Кутаноски правеле украс во градинката „Пеперутка“ – Струга.

„Здраво, имам три дечиња, Филип, Константина и Бисера, со кои постојано смислуваме креативни начини да се забавуваме. Ова се дел од нашите досегашни новогодишни изработки“, ни напиша Симона Ангелоска.

Поврзани написи

To top