Новогодишните празници се голема радост за децата. Китиме, цртаме, правиме креативни изработки… Еве втор дел од фотографиите што ни ги испратија родители, учители и наставници од креативните изработки што ги работеле со децата. Деца.мк ќе објавува вакви фотографии до крајот на оваа година. За најинтересните следуваат подароци
Ова се новогодишните изработки во градинката „Пролет“, Естреја Овадија Мара во Битола.
Ги работеле родителите, учителките и децата во групата „Јаболчиња“.
Александра Бојковска-Цветковска новогодишните изработки ги подготвувала за ќерката Илина.
Сергеј Поповски од Битола има 2 години, а сликите ни ги прати неговата мајка Франческа Поповски.