Новогодишните празници се голема радост за децата. Китиме, цртаме, правиме креативни изработки… Ова е нова група фотографии што ни ги испратија родители, учители и наставници од креативните изработки што ги работеле со децата. Деца.мк објави серија вакви фотографии. За најинтересните следуваат подароци
„Овој наставен час е реализиран по предметот англиски јазик, во кој наставничката (јас) е облечена во костим на џуџе (Elf), а учениците сакаат да напишат писмо до Дедо Мраз во кое објаснуваат зошто сакаат да му бидат мали помошници. За оваа цел подготвив хартиени костими на кои најпрво учениците пишуваа, а потоа им беа прикачени на облеката, па читавме и пеевме пред смарт-табла на која имаше проекција од виртуелен Дедо Мраз“, ни напиша наставничката Бисера Ристиќ.
Славица Јолаковска испрати фотографии од новогодишните изработки што ги правеле со синот Стефан.
Ова е честитката на деветгодишната Бисера Дрндар од Скопје.
– Јас и моите ученици секоја година создаваме новогодишна магија во која уживаме. Голем поздрав од учениците од 5-2 одделение од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола – напиша наставничка Мирјана Тасевска.