Бисера е доенче старо 6 месеци со повреќекратен престој на Клиниката за Детски болести, и еден претходен престој во клиничката болница „Жан Митрев“ поради оклузија на десната брахиална артерија пропратено со некроза на дисталните фаланги на вториот и третиот прст десно.
Мајката и таткото на Бисера со месеци во јавноста и на социјалните мрежи бараа помош за состојбата на бебето.
-При овој прием Бисера дојде, хипотрофична, хипотонична, вознемирена, со намеалено поткожно ткиво (тенка кожа) со бројни хематоми од претходни боцкања. Бисера отежнато дишеше и имаше изразен интеркостален тираж. Психомоторниот развој многу заостануваше за нејзината возрас од 6 месеци. Бисера имаше и пареза на левата рака. На приемот кај нас Бисера тежеше 2.920 грама – вели доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во „Жан Митрев“.
По првичните обемни лабораториски, микробиолошки и имиџинг иследувања медицинскиот персонал почнал Бисера да ја храни со хиперкалориска и антирефлуксна формула, на почеток со помали дози кои постапно се зголемувале. Исхраната одела преку назогастрична сонда затоа што Бисера го имала изгубено рефлексот за цицање.
Хроничниот белодробен наод бил лекуван со инхалации со бронходилататори кој Бисера добро ги поднела и во тек на следните денови постапно, со подобрувањето на дишењето се намалувала кислородната подршката.
По добивањето на позитивните микробиолошки наод од грлото и хемокултура кај бебето е вклучена и антибиотска тепија, надополнета и со пробиотик за да не се наруши природната цревна флора.
Интензивно е спроведувана и физикалан терапија за подобрување на моториката и воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера била се повесела и се повеќе се гледала насмевка на нејзиното лице.
-После десетина дена ја повикавме и нејзината мајка и сега се тие две заедно грижејќи се за здравјето притоа следејќи ги препораките на нашите доктори. Во овој краток период во нашата клиника на наше огромно задоволство можеме да информираме дека Бисера ја зголеми својата телесна тежина од 2.920 грама на 4.000 грама. Сепак, и покрај позитивниот резултат во психомоторната и здравствена состојба кај Бисера следуваат уште терапевски процедури кои треба да се спроведат за да може целосно да се излекува. Максимално ќе се грижиме и понатаму за овој наш мал пациент за што ќе ја информираме јавноста – информираат од „Жан Митрев“.
(Комерцијална објава)