Воспитување

Маките на најстарото дете во семејството

Најстарите деца во семејството се соочуваат со секакви предизвици во текот на својот живот. Тие секогаш мора да го „пробиваат мразот“, а честопати ја играат и улогата на дадилка за другите деца во семејството. Најстарите деца искусуваат најголема горчина во текот на своето растење од повеќе причини. Од нив се очекува да бидат сериозни, дарежливи и да се грижат на помалите деца. „Елит дејли“ пишува за неколку проблематични работи што ќе ги разберат само најстарите деца во семејството.

Најмалку излегуваат и најрано мора да се вратат од излегување

Веќе споменавме дека најстарите деца го пробиваат мразот во многу работи, а една од нив е излегувањето во текот на тинејџерските години. Имено, зборуваме за границата до која смее да се излегува. Тие се првите деца, па родителите повеќе се плашат за нивното добро. Најчесто тие се построги со нив. Следните деца имаат поголема слобода бидејќи грижите од страна на родителите се помали.

Виновни се за сè

Доколку заедно се најдете во неволја, најстариот ќе биде виновен. Без разлика на проблемот што е предизвикан, родителот секогаш ќе бара одговор од најстарото дете бидејќи тоа „треба да биде посериозно и поодговорно“.

Мерка за добро и за лошо

Факт е дека родителите секогаш го користат најстарото дете како мерка и позитивен или негативен пример за другите деца.

Вие сте првите што ќе „застанат пред олтарот“

Родителите секогаш ќе ве „потсетуваат“ дека треба да создадете семејство и да им подарите внуци. Тоа ќе го зборуваат и познајниците и роднините. Вие секогаш ќе бидете под притисок, додека за помладите деца „има уште време“.

Секогаш чувствувате дека помалите брат и сестра ве копираат

Ова секогаш иритира. Но може да биде добро кога претставувате добар пример за помалите.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top