Образование

„Мајнкрафт“ ги носи учениците на бесплатна тура во Меѓународната вселенска станица

За да им помогне на учениците што се во самоизолација да продолжат да учат, нов бесплатен едукативен материјал е достапен во категоријата „Education“ во „Marketplace“, а вклучува лекции: „Mineraft: Education Edition“.

Децата можат да ја искористат оваа алатка за да ја обиколат Меѓународната вселенска станица или да откријат нешто за морската биологија, обновливата енергија и грчката историја. Исто така, учениците ќе можат да се справат со предизвици, логички загатки и креативни задачи за пишување. Некои од материјалите се базираат на светови изградени од креаторите на „Marketplace“.

Постојат десетина едукативни програми достапни за подобрување на опциите за далечинско учење за учениците што остануваат дома.

Овие светови се бесплатни за преземање и ќе бидат достапни до 30 јуни.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top