Ако сте купиле ленти за глава за вашето бебе, задолжително обрнете внимание на советите од медицинска сестра. На страницата „ЦПР деца“ на „Инстаграм“, медицинската сестра Сара споделила застрашувачка приказна од лично искуство. Рекла дека неодамна била во супермаркет и видела мајка како купувала со своето бебе. Сè што можела да види биле нозете и телото на бебето, додека врвот од количката го покривал лицето на бебето. Забележала како бебето силно клоца со нозете, што веднаш ја загрижило, па се наведнала да провери што се случува.
-Во моментот кога погледнав, почувствував ненадеен наплив на адреналин – веднаш истрчав кон мајката, ја фатив за рака (додека таа гледаше во полиците, држејќи ја количката со едната рака) и во исто време го подигнав покривот на количката. Лентата за глава што ја носеше бебето паднала над неговиот нос и уста, а бебето почна да добива темновиолетова боја.
Сара и мајката брзо ја извадиле лентата од лицето на бебето, по што бебето веднаш испуштило силен плач. Сара се сеќава:
-Сè беше како заматено, но се сеќавам дека мајката беше шокирана од она што се случи. Го зеде бебето, кое продолжи да плаче некое време, но потоа се смири и на крајот беше сосема добро.
Мајката плачела и рекла дека знаела оти не треба да ја остава лентата за глава на бебето додека спие, но не сфатила дека тоа може да биде опасно дури и кога е будно. Сепак, едноставните движења на главата или триењето може да ја преместат лентата преку лицето на бебето. Сара предупредува дека лентите за глава се безбедни само за фотографирање, но никогаш не треба да се оставаат на бебето, освен ако не се под „буден и активен надзор“ и апсолутно никогаш додека бебето спие. Исто така, ги предупредува родителите да внимаваат на ситните украси на панделките, бидејќи постарите бебиња или мали деца можат да ги откинат и да ги стават в уста, што претставува ризик од задушување.
Автор: Карина Шиждрак
912