Бременоста и малите бебиња се две работи кои кај многу луѓе ги будат нивните внатрешни гуру-експерти. И сите одеднаш знаат сè што бремената жена или новопечената мајка никаде не прочитала или научила.

Самопрогласените експерти секогаш знаат подобро и повеќе. Некои знаат затоа што било така пред 50 години, некои знаат затоа што го доживеале тоа, а некои, едноставно знаат.

Дури и добронамерните луѓе, членовите на семејството, пријателите – сите имаат што да кажат. Признајте, дури и вие сте дале некој совет кој никој не го барал. Да, знаеме, сите ние сме повеќе или помалку виновни за тоа. И знаеме дека сите што даваат совети имаат најдобра намера, но…

Но, понекогаш може да се изненадиме кога ќе видиме до каде можат да стигнат овие совети.

  • Ми пријде старец на железничка станица и ми рече: „Бебињата не сакаат да носат капи“ – Фелисити.
  • Ми рекоа да ставам една лажица мед во вештачкото млеко на моето бебе за да го заслади вкуост – Џес.
  • Кога се роди моето прво бебе, добив фенерче на подарок за да не го палам светлото затоа што ќе го разбудам сопругот кога станувам да го нахранам бебето – Кетрин.
  • Со голтка ракија ќе спие цела ноќ – Клер.
  • Ми рекоа на бебето да му дадам топла шолја чај за да му се наполни стомачето – Мел.
  • Ме советуваа да престанам да пијам кока-кола бидејќи ќе го газира млекото, па бебето ќе биде вознемирено – Кристи.
  • Да се стави паричка над папочната врвца на бебето за да се повлече убаво и бебето да има убав папок – Брук.

Извор



912

X