Воспитување

Мајки ги споделија најдобрите совети што ги добиле од своите татковци

Се чини дека татковците секогаш ги имаат одговорите што ни се потребни. Тие се полни со мудрост и корисни информации, од тоа како да го поправиме автомобилот до тоа како смирено да се справиме со бесот на нашите малечки. А примерот на таткото и неговите совети влијаат врз животот на генерациите што доаѓаат. Затоа неколку мајки ги споделиле најдобрите совети што ги добиле од своите татковци, а во продолжение ви пренесуваме дел од нив.

„Кога ќе ве навредат, направете нешто убаво за некој друг. Тоа ќе ви помогне да заборавите на себе и на вашите проблеми“ – Бет П.

„Во животот понекогаш имаш малку, а понекогаш многу, ништо не останува исто засекогаш. Тоа е она што го прави животот забавен“ – Адрина Ц.

„Татко ми секогаш не нѐ советуваше исклучиво со зборови, туку со своите дела. Покажуваше неверојатно трпение и љубезност и секогаш се интересираше за туѓите чувства, секогаш слушајќи ги сите наши проблеми“ – Меган Х.

„Кога растев, татко ми често ми велеше никогаш да не престанам да учам. Ме научи дека колку повеќе знаење имам, толку повеќе ќе знам за моите права. И денес го делам истиот совет со моите ќерки бидејќи многу ми помогна“ – Фадумо Икс.

„Секогаш прво правете го она што треба да го направите, а потоа правете го она што сакате да го правите и што ве прави среќни“ – Џенифер Е.

„Тато ме научи дека јас сум единствената одговорна за себе. Јас сум одговорна за сите мои постапки и за начинот на кој постапувам со луѓето. Затоа денес не дозволувам другите луѓе премногу да ми влијаат, туку секогаш се трудам позитивно да влијаам врз оние што се во моја близина. Знам дека само со моето однесување го контролирам однесувањето на другите луѓе и нивниот однос кон мене“ – Меган Ц.

„Тато ми велеше никогаш да не се откажувам, без разлика колку е тешко“ – Никола С.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top