Мајките го носат на грб товарот на целото семејство, особено кога станува збор за патување. Од резервирање сместување до планирање активности и пакување – многу мајки прават буквално сѐ. Така во следното видео на „Тик-ток“ се гледа мајка која заборавила да си ја спакува облеката и испратила лута порака.
„Мајките секогаш страдаат“, напишала Аманда Ајала, мајка на две деца. Во видеото таа разговара со својот сопруг додека влегува во семејниот автомобил со мокра коса и покриена само со крпа. Имено, семејството заминало на еднонеделен одмор, а мајката си ги заборавила своите работи.
„Зошто сите други имаат облека, а ти имаш само крпа?“, ја прашува нејзиниот сопруг.
„Затоа што сум мајка. И се грижам за сите работи, освен за моите”, луто му одговара таа и додава: „Однеси ме дома“.
Многу жени и мајки во делот за коментари признале дека сочувствуваат со неа.