Воспитување

Мајка вознемирена од писмото од Дедо Мраз што нејзиното дете го добило во градинка

Една мајка многу се налутила откако нејзиното дете донело демо писмо од Дедо Мраз кое го примило во градинка. Таа раскажала што имало во содржината на писмото и ги прашала другите дали и тие го сметаат за вознемирувачко.

„Моите деца дојдоа од градинка со ова“, напишала таа, па ја споделила фотографијата од писмото во кое пишува:

„Овде на Северниот Пол имаше многу метеж во текот на оваа пандемска 2021 година. Помошниците ги миеја рацете, носеа маски и работеа 24 часа за да бидат сигурни дека играчките се подготвени за достава на сите добри момчиња и девојчиња. Рудолф и неговите ирваси редовно се тестираат за ковид-19 и се подготвуваат за долгото патување кое е пред нас, а јас седам покрај каминот и уживам во пита од мелено месо.“

Во продолжение „Дедо Мраз“ им порачува на децата:

„Ви го пишувам ова да знаете дека бевте многу добри во однос на миењето раце и избегнувањето бактерии, дека добро се однесувавте оваа година и сте на мојата листа со добри деца. Многу сум горд на вас и сакам да ви донесам нешто посебно за Божиќ. Наскоро ќе го посетам вашиот дом, бидете добри и понатаму. Среќен Божиќ.“

фото извор: www.mirror.co.uk

Писмото ги поделило ставовите на родителите. Едни велат дека веднаш би го фрлиле во канта за отпадоци, други дека идејата била добронамерна.

„Навистина, малку е чудно, но добронамерно. Би го заборавила тоа и би продолжила понатаму“, „Мислам дека само сакале да ги уверат децата дека Дедо Мраз, без разлика на сѐ, и понатаму е тука“, се редат коментарите.

Авторката на објавата додала дека се согласува оти идејата веројатно била добра. „Во градинката сите се одлични, но ова ме растажи“.

„Мислам дека е одлично писмо. Ги охрабрува децата да ги мијат рацете и да го почитуваат концептот на тестирање. Зошто Дедо Мраз не би ги правел тие работи?“, „Што ако децата беа загрижени за своите болни родители и во намалување на стравот да не се заразат со ковид-19 им помага ова уверување дека Дедо Мраз нема да им наштети и на безбеден начин ќе им ги достави подароците без да зарази никого?“, „Замислите на децата може да бидат толку распространети, што Дедо Мраз во контекст на ковид-реалноста е можеби добар потег – наместо да ги виткаме децата во убави приказни и да се преправаме дека не ја гледаат заканата во светот“, продолжуваат да пишуваат читателите.

Автор: Розалин Фентон и Зара Переира

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top