Игротека

Мајка споделува нежен начин како да му се земе играчка на дете без да се предизвика тантрум

Дисциплинирањето на децата е клучен дел од воспитувањето и важно е родителите да бидат внимателни и одговорни. Децата треба да ја разберат разликата помеѓу доброто и лошото, и целиот тој процес не треба да влијае врз нивната самодоверба.

Аделин Мине неодамна објави видео на нејзиниот тик-ток профил кое го покажува совршениот баланс на овие приоритети.

– Родителството може да биде предизвик, особено кога брзаме. Но, со практикување на овие стратегии ќе имате увид во тоа што најмногу одговара на темпераментот и потребите на вашето дете – пишува таа под објавата.

На видеото ќерката на Мине држи таблет, а Мине сака да ѝ го земе. Таа дава неколку совети како да се постапи во такви ситуации. Таа нагласува колку е важно да се користат малку зборови и вели дека мозокот на бебињата е во развој, што бара мирна комуникација.

Мине претстави уште една верзија на истата случка во која ќерка ѝ постојано вели „не“ на нејзините барања. Таа ја објасни грешката што обично ја прават родителите: – Се обидувате да ги вразумите вашите деца, а особено малите деца имаат тешкотии да ги обработат вашите објаснувања, така што, на крајот сте фрустрирани.

Таа предупредува дека не треба да им се грабаат предметите од рацете на детето.

– Малите деца мразат кога насилно им земам предмет – вели таа и додава дека таа ја прашува нејзината ќерка: – Можеш да го вратиш во торбата на мама? Исто така, таа наведува дека е клучно да се користат зборови како „благодарам“ и „те молам“.

Нејзиното мислење е дека во такви случаи на децата треба да им се даде контрола. Родителите можат да го направат тоа нудејќи им избор или задачи. Користењето на овие техники им помага да се чувствуваат како да имаат избор и помагаат во зајакнувањето на критичкото размислување.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top