Дел од тоа да се биде родител на мало дете е помирувањето со фактот дека тоа ќе има „нервен слом“ поради најирационалните работи. Кристен Кук, корисничката на „Тик-ток“ и мајка, веќе е навикната на ова. Во едно неодамнешно видео што го споделила со своите 500 илјади следбеници таа ги набројува работите што го вознемириле нејзиното двегодишно дете во изминатата недела.
Ако некогаш сте виделе мало дете како се вртка околу празно шише за доенчиња, дрвена лажица или дури и глава од кукла, ќе бидете запознаени со првата ставка на листата.
„Не ѝ дозволував да носи тегла кисели краставички со себе додека купувавме некои работи, сакаше да ја носи во секоја продавница, да ја носи во автомобилот“, рекла Кристен. „Јас ѝ реков да ја остави теглата дома“. Можеби ѝ требало ужина?
Други ставки на списокот вклучуваат работи како што се барање од малото дете да облече долна облека или спречување да пие вода од тоалетот – знаете, лоши работи што ги прават мајките. Следниот дел е многу поврзан со претходните.
„Не би ѝ дозволила да ја заглави главата меѓу моите колена за да може да ме гледа како мочам одблизу“, рекла Кристен.
Автор: Руба Хасан