Наскоро започнува новата учебна година и многу родители полека ги воведуваат своите деца во вообичаената рутина. За да го подготви својот син за враќање на училиште, мајката Никол Џексон снимила видео со список на работи кои нема да ги толерира кај него.
„Што нема да правиме“ е насловот на видеото во кое таа се осврнува на најчестите борби со кои се соочуваат родителите на почетокот на новата учебна година.
„Цело лето живееше на зачинет чипс, пилешки медалјони, сладоледи и одвратни пијалаци без никакви болки во стомакот. Немој да си ми дошол и да ми кажеш дека те боли стомак“, е првото предупредување.
Таа го известила и својот 13-годишен син дека нема да дозволи тој да се преправа оти станувањето рано е невозможно. Го предупредила и да подготви облека и сѐ што му треба за на училиште уште од претходната вечер.
„Нема да доживувам срцев удар за да ти помогнам да се извлекуваш во последен момент“, додала таа. Таа го предупредила и да не се жали на вториот училишен ден дека нема училишен прибор бидејќи „потрошила многу пари за да има сѐ од списокот“.
На крајот, таа се пошегувала: „Нема да се жалиме за спакуваниот ручек за на училиште. Буквално те однесов во продавница и прашав дали секој производ што го земаме е во ред, но кога го составив тоа во еден хранлив оброк, се жалеше дека е лошо“.
Таа го објави видеото на „Тик-ток“ и не требало долго за да стане хит меѓу родителите. Многумина признале дека ги насмеала до солзи.