Игротека

Мајка сподели одличен начин за користење на вишокот мајчино млеко

Леан Абис од Лидс е мајка на три деца, од кои едното има 11 месеци, и се соочувала со голем проблем: никако не можела да ја натера 11-месечната ќерка да го испие измолзеното млеко.

– Размислував да го направам како лижавче, па купив калапи за лижавчиња – вели таа.

Фото: Facebook

– Сето ова се случуваше како што времето почнуваше да станува жешко – и функционираше одлично. Ова е одличен начин да се потроши вишокот измолзено млеко. Дури и моите две постари ќерки Попи и Отмн пробаа сладолед од мајчино млеко, иако не им дозволувам да го јадат затоа што е за Вилоу – додава таа.

– Ова е одличен начин Вилоу да добие млеко плус да остане хидрирана додека ги добива сите хранливи материи што ѝ се потребни – вели Лиен.

Освен тоа, Лиен вели дека сладоледот од мајчино млеко е особено погоден затоа што на Вилоу ѝ растат заби, така што ѝ ги лади непцата и ѝ ја намалува болката.

– Секој што дои знае колку вреди млекото. Молзењето не е лесно, така што не сакав да биде залудно фрлено. Бев изненадена колку на Вилоу ѝ се допадна сладоледот од мајчино млеко. Таа не го лижи, буквално јаде залаци – вели таа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top