Шејна Медеирос на својот инстаграм-профил објавува смешни животни ситуации, вклучувајќи и видеа од нејзините синови. Во ова видео, кое е прегледано два милиони пати, таа составила компилација за тоа како е да се одгледуваат три момчиња помали од десет години.

„Кога луѓето прашуваат како е да се одгледува момче?“, напишала таа на видеото, а во заднина ја додала познатата песна „Тандерстрак“ од „Еј-си/Ди-си“, која според многу корисници на „Инстаграм“, кои го погледнале видеото, е совршен избор. На видеото се прикажани неколку ситуации во кои момчињата си играле и се забавувале, што на многу родители би им задало главоболка.

Извор



912

X