Мајката Џејн Стајн ја открива својата метода на наведување на децата на здрава исхрана, а трикот што го сподели на „Фејсбук“ ја воодушеви интернет-јавноста.
Не само што поради трикот јадат поздраво, туку и помалку бараат да им се купуваат брендирани производи, вели Џејн која со семејството живее во тајландскиот град Чианг Маи.
Нејзиниот пост прикажува тиква со дизни-етикета од „Вини Пу“, а на неа напишано: – Ова е мојот најдобар родителски трик. Знаете дека децата сакаат пау патрол-јогурт или дизни-вафли? Купете етикети и почнете да ги лепите по производите. Така ние денес јадеме вини пу-шпагети кои совршено одат со тој Стори-брокула.
Објавата стана хит и постот е споделен 106.000 пати.
– Одлична идеја, многу едноставно, а толку ефективно – вели еден коментар.
– Зошто јас не се сетив на оваа идеја – вели друг читател.
Секако, се најдоа и такви што не ја одобруваат методата, па една мајка напиша дека децата треба да го јадат она што им се дава и дека не треба да ги залажуваме. Но, на оние што мака мачат со исхраната на нивните деца веројатно им е сеедно дали станува збор за лажење или не, сè додека нивните најмлади јадат здрава храна.