Додека една мајка од Тексас мислела дека нејзиниот двегодишен син Барет користи мобилен телефон за фотографирање, тој всушност решил да си го згасне гладот. И така, Келси Буркхалтер Голден пред својата врата дочекала доставувач со 31 чизбургер.
„Прво добив порака дека нарачката доцни“, рекла Келси, која во тој момент сфатила што направил нејзиниот син додека си играл со нејзиниот телефон. Берет очигледно имал очи поголеми од стомакот бидејќи на крајот изел само половина чизбургер, па неговата мајка ја објавила приказната на „Фејсбук“ и ги поканила луѓето да ја контактираат ако сакаат да им даде храна.
Нарачката на малото дете чинела 91,70 долар и вклучувала и бакшиш од 16 долари за доставувачот.
912