Игротека

Мајка предупредува за вознемирувачка игра популарна меѓу основците

Нова игра е најдобар доказ дека никогаш не е рано да почнете да ги учите децата за согласност и граници. Неодамна, еден корисник на „Тик-ток“ објави видео во кое објаснува игра која моментално е популарна меѓу децата, а во која момчињата на вознемирувачки начин ги злоупотребуваат девојчињата.

– Мојата 11-годишна ќерка ми кажа дека момчињата играат игра наречена „Игра со пожарникарско возило“ – вели таа.

Имено, играта започнува така што момчињата ја ставаат раката на ногата на едно девојче. Неговата рака е всушност пожарникарско возило кое „вози“ по нејзината нога. Девојчето може да каже дека возилото наидува на знакот „стоп“, но тогаш момчето вели: „Пожарникарските возила не застануваат на знакот стоп“ и продолжува да ја движи раката понекогаш и до меѓуножјето.

Поентата е во тоа што играта ги игнорира согласноста и границите. Бидете свесни ако слушнете за оваа игра за што всушност станува збор.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top