Воспитувач во градинка е една од оние професии што навистина не е за секого. Грижата за мали деца во толку мал простор, подучување и анимирање и истовремено да не доживеат несреќа звучи крајно исцрпувачки.

Емили, која е воспитувачка во предучилишна установа, открива листа со работи кои никогаш не би им ги направила на воспитувачите на нејзините деца, а видеото го сподели на „Тик-ток“.

Пет работи што никогаш нема да ѝ ги направам на воспитувачката на моето дете.

– Јас сум воспитувачка, а син ми оди во градинка. Свечено се колнам дека никогаш нема да бидам една од „тие“ мајки – вели таа, а нејзиното видео собра 2,1 милиона прегледи.

Првото нешто што Емили никогаш не би го направила е да побара состанок без јасно да ја наведе причината за тоа или да ја нагласи темата за која планира да разговара. Таа го тоа споредува со добивање е-пошта од вашиот шеф во која вели дека треба да разговара со вас. Ова остава чувство на страв и анксиозност.

Втора работа е непотребното одземање на времето на воспитувачот.

– Нема да разговарам со нив подолго отколку што е општествено прифатливо кога ќе го земам детето. Само земете го вашето дете, поздравете се учтиво, прашајте како му поминал денот и заминете си – вели Емили.

Третата работа е „имплицитно верување во детската верзија на настаните и игнорирање на верзијата на воспитувачот“, вели Емили, додавајќи:

– Едниот од двајцата е целосно формиран возрасен со развиен префронтален лобус, а другиот е дете кое, во најдобар случај, ја одржува концентрацијата околу 30 отсто од времето.

Под број четири, Емили вели дека нема да им пречи на воспитувачите на кој било начин освен ако тоа не е неопходно.

Последното нешто на списокот е општо.

– Имам цел список со подароци што нема да ѝ ги дадам на воспитувачката на моето дете – вели таа.

Некои луѓе коментираа дека се согласуваат со оваа листа, но не сите беа ентузијасти за секоја точка.

Извор



912

X