Родителите треба да бидат навистина добри во соочувањето со предизвиците во родителството и треба да имаат многу трпение и силни нерви. Судејќи според една мајка од Аризона, Тексас, некои родители на близнаци се исто така многу снаодливи во смислувањето трикови за родителство.
Во своето вирално видео на „Тик-ток“, мајката Лаура споделила како проверува дали нејзините момчиња спијат додека ги вози во автомобил, а не може да ги види. Трикот е ефикасен, а со сигурност може да се каже дека е и премногу сладок.
Покажување на стапалото
„Џејми, дај ми да ти ја видам ногата“, вели таа, а потоа нејзиниот син ја крева ногата и извираат прекрасни бебешки прсти. Потоа таа вели: „Џексон, дај ми да ти ја видам ногата“ и повторно, идентична мала нога излетува за да ѝ се покаже дека децата ја слушаат и не спијат.
Видеото е прегледано повеќе од 17,8 милиони пати, а следбениците мислат дека тоа е најслаткото нешто што некогаш го виделе. Едно лице коментирало: „Ова е навистина толку слатко“, а друго додава: „Имам два пара близнаци, па затоа сум запознаен со овие борби“.
Неколку луѓе ја прашале Лаура зошто треба да знае дали нејзините бебиња спијат или не, а Лаура објаснила дека се работи за управување со времето за дремка.
„Тоа обично ќе им го уништи времето за дремка“, рекла таа. „Заспиваат во автомобилот околу пет минути, а потоа навечер стануваат нервозни.“
@hi_its_laura Twin toddler life #foryoupage #fyp #babies #twins #over30 #millenialmom ♬ Let Me See Your Foot – laura
912