Игротека

Мајка опишува колку е исцрпувачки да ги контролира емоциите кога децата ќе збеснат

Никој не може да ве полуди како децата. Можете да се воздржите некое време, можете да речете дека се само деца, дека и ним им е тешко, дека треба да ги разберете.

Но, има моменти кога оваа воздржаност и контрола на емоциите едноставно не се можни. Особено ако имате тежок ден, а децата едноставно не се откажуваат, туку „скокаат“ на вас и кога треба и кога не треба. Па, тогаш не е лесно да се контролирате себеси и емоциите и да не ги изгубите нервите. Некогаш викате, некогаш врескате, а подоцна ви е жал и мислите дека сте лош родител.

Токму вакви впечатоци сподели една мајка по лошото утро што го имала. Таа им викала на децата, а на видеото низ солзи раскажува за тој момент, велејќи дека некогаш е тешко да се контролираат емоциите.

Извор

Поврзани написи

To top