Секое породување е различно – тука спаѓа и искуството на едно семејство кога нивниот син се родил додека мајката спиела. Да, добро прочитавте.
Мајка од Тексас, Лора Томпсон, била примена во болница на 9 октомври за лекарите да го изведат нејзиното породување. Томпсон изјавила дека добила провокации за породување околу 6 часот наутро и примила епидурална анестезија напладне – но породувањето никако не започнувало. До 21 часот таа сè уште била отворена 6 сантиметри и го изгубила чувството во нејзината лева нога. Медицинскиот тим препорачал таа и нејзиниот сопруг да се обидат да поспијат пред да пристигне нивното синче. Тие заспал околу 22 часот, но се разбудиле по кратко време откако медицинската сестра дошла во собата за да ја провери Томпсон и да ги намести мониторите на кои била приклучена.
„Ме разбуди, го помести ќебенцето и извика – БЕБЕ ВО КРЕВЕТ! – а потоа ги повика лекарите“, истакнала Томпсон. Додека спиела, Томпсон го родила нејзиниот син Џоунс. Тој пристигнал брзо и тивко и лежел на левата нога на мајката, па таа затоа не можела да го почувствува. „Искрено, не би поверувала дека вакво нешто може да се случи ако не ни се случеше нам“, рекла новата мајка. „Се смеев кога го видов. Го чувствував неговото движење толку долго, па едноставно знаев дека е силен и во ред. Тоа беше неверојатен момент“, додала мајката.
Семејството е среќно, здраво и во добра состојба.
„Џоунс е нашиот доказ дека 2020 година не е толку лоша. Тоа е неверојатна мала личност“, рекла мајката.
Автор: Џејми Орсини
912