Игротека

Мајка објави трик што го користи за нејзините деца да научат да зборуваат нов јазик

Децата генерално уживаат да гледаат телевизија, а родителите често се борат да им го ограничат времето пред екраните. Истражувањата покажаа дека малите деца под две години воопшто не треба да гледаат телевизија, а постарите деца, децата на предучилишна возраст и учениците треба да поминуваат повеќе време на отворено дневно отколку пред екран.

Една мајка, по професија учителка, смислила брилијантен начин да им го направи времето пред екранот забавно и едукативно на своите деца.

– Трик за родителство од наставник: држете ги вашите деца пред екранот на друг јазик цело време – напиша таа во описот на видеото на „Тик-ток“, на кое се гледаат нејзините деца како зјапаат во екранот.

– Моите деца гледаат содржини на шпански само на ТВ или таблет. Сега и двајцата зборуваат шпански, а мојата помала ќерка зборува речиси течно – вели таа.

Таа нагласува дека и родителите треба да го научат новиот јазик.

– Или вашите деца ќе си кажуваат тајни, а вие нема да ги разберете.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top