Воспитување

Мајка не сака нејзините деца да се оптоваруваат со домашните задачи, па ги пишува наместо нив

Американката Лоти има две ќерки на училишна возраст. Смета дека домашната работа предизвикува непотребен стрес кај децата, па затоа таа ги пишува наместо нив. Како што вели, нејзините ќерки по часовите учествуваат во разни активности, па често се враќаат дома исцрпени.

„Јас ја завршувам нивната домашна задача. Нема да ги оптоварувам со математички проблеми за кои немаат време. Можеби не е во ред, но сакам да им помогнам“, рекла таа.

Како друга причина зошто ги пишува домашните задачи на своите деца таа ги навела самите задачи, кои се премногу тешки.

„Мислам дека некои работи навистина не се соодветни за нивната возраст“, ​​рекла таа, додавајќи дека и покрај тоа што им помага на децата со училишните задачи, сака да ги воспитува да бидат чесни и силни.

„Мојата најголема цел во животот е да имам искрен однос со моите деца“, вели таа.

И додека некои родители се согласиле со неа дека училишниот материјал е премногу тежок и дека на децата им треба помош, некои сметаат дека тоа ја поттикнува мрзливоста кај децата.

„Завршувањето на работата наместо вашето дете нема да му помогне долгорочно“, „Успешните деца сами си ја пишуваат домашната задача. Родителите треба да се трудат и да работат со децата“, „Мојот син не ги пишуваше домашните задачи во основно и сега во средно училиште се мачи со тоа. Мислам дека тоа не е добро“, коментирале некои родители.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top