Мајка на 5-годишно момче со Даунов синдром неодамна сподели емотивно видео на кое низ солзи раскажува дека само 1 дете се појавило на роденденот на нејзиниот син.
Таа објаснува дека организирала роденденска забава за нејзиното дете за неговите другарчиња да поминат покрај нивниот дом и да му посакаат среќен роденден. Но, само едно детенце се појавило.
– Нормално, оваа ситуација е лоша за кое било дете, но моето дете има Даунов синдром. Моето дете има Даунов синдром и кога не сфати што се случува, тоа навистина ме скрши. Што ќе се случи кога ќе знае? – вели таа.
Watch on TikTok