Ешли Крандел точно се сеќава како се чувствувала последниот пат кога го фотографирала трудничкиот стомак.
„Ја сакав бременоста. Знаев дека ќе ми недостига да ги чувствувам како се движат. Но, тогаш ме болеше целото тело, особено грбот и стапалата. Едвај се качував по скалите во куќата. Целата бев отечена“, се присетила Крандел.
Фотографијата што ја објавила на „Инстаграм“ е направена неколку часа пред да ја роди четворката во 31. недела од бременоста. „Бременоста обично трае околу 40 недели, но речиси сите повеќекратни бремености се пократки“, според „Џон Хопкинс медицина“.
Весли, Ема, Леа и Нора се родени на 11 февруари. Тие поминале 70 дена на одделот за неонатална интензивна нега, учејќи како сами да јадат и да дишат. На 16 септември Крандел објавила и фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како ги држи своите четири деца 31 недела по породувањето.
„Лудо е кога ќе помислите дека сите тие биле сместени во стомакот“, напишала таа.
Бебињата почнуваат сами да седат и да ползат. Гледајќи ги сега, никој не би помислил дека се родени предвреме. Семејството Крандел се борело со неплодност речиси четири години, откако ја добиле нивната ќерка Исла во 2017 година. На предлог на лекарот се одлучиле за процедура на вештачко оплодување.
Неколку недели подоцна дознале дека ќе добијат четворка.
912