Воспитување

Мајка на четворка открива како изгледа секое утро во нивната игротека

Хана Кармак на многумина им ја покажала реалноста на животот со четири деца и колку брзо детската игра може да ја претвори уредната соба во целосен хаос.

Во видеото објавено на „Тик-ток“, мајката документира како во 6:39 часот игротеката изгледа беспрекорно – играчките се наредени, сè е на свое место. Но, до осум часот собата е целосно непрепознатлива, преполна со коцки, кадифени животни и расфрлани играчки. До 9:30, Хана повторно средува сè, свесна дека наскоро повторно ќе се разгори хаос.

-Ова го правам најмалку три-четири пати на ден – напишала мајката во описот на видеото.

Наместо фрустрација, оваа мајка покажува неверојатна смиреност и го нагласува најважното нешто во видеото:

-Ми рекоа дека четворките биле забавни. Забавно е додека не уништат сè што ќе решите да исчистите. Но, децата се среќни, а тоа ме прави и мене среќна, па на крајот на денот, тоа е сè што е важно – објаснила мајката.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top