За време на 10-часовен лет една мајка летала со своето 4-месечно бебе, од Сеул, Кореја, до Сан Франциско, САД.
Оваа мајка на повеќе од 200 патници во авионот им поделила пластични кеси во кои имало бонбони, гуми за џвакање и тампони за уши како еден вид извинување однапред во случај нејзиното 4-месечно бебе да вреска.
Во секоја кеса имало и порака на која пишувало:
„Здраво, јас сум Јан Ву. Имам 4 месеци и денес патувам за Америка со мајка ми и баба ми. Малку сум нервозна и исплашена. Ова ми е прв лет во животот. Нормално е да плачам или да предизвикам некаков неред. Ќе се обидам да останам смирена, но не можам да ви ветам. Ве молам, искористете ги тампоните ако сум премногу гласна… Уживајте во вашето патување. Ви благодарам.“
Култура на почитување на слободата на другите…
912