Да имате 18-годишно дете со докторат е нешто што ве исполнува со гордост и понизност, вели Џималита Тилман. Таа е мајка на Дороти Џин Тилман II, тинејџерка од Чикаго која докторирала на Државниот универзитет во Аризона минатата година.

Дороти тогаш имала само 17 години, а нејзиниот докторат бил последниот во низата академски достигнувања. Дипломирала на 12 години, а магистрирала наука за животната средина на 14 години.

-Таа е мојата инспирација за работите што ги правам во секојдневниот живот – изјавила Џималита.

Џималита е самохрана мајка. Ќерката почнала да се образова дома на околу седумгодишна возраст, а мајката се трудела да ѝ го олесни образовниот процес. Рано препознала дека нејзината ќерка поседува неверојатна љубопитност и ревност за учење, што ја издвојувало од другите деца.

Нејзиниот совет до другите родители е: „Следете го вашето дете кога ќе ви покаже што го интересира и оставете го да ве подучува“.

Децата можат да развијат подлабоко разбирање за некоја тема и да станат поангажирани кога ќе им се даде можност да подучуваат некој друг, покажува истражување – без разлика дали се работи за родител или врсник. Џималита покажала интерес за теми за кои нејзината ќерка била заинтересирана. Таа поставувала прашања и ѝ дала шанса на својата ќерка да ги објасни концептите што ги учи.

– Така ја изгради својата самодоверба и сакаше да научи повеќе – истакнала гордата мајка.

Поттикнувањето на Дороти Џин да ги учи своите врсници, исто така, помогнало да процветаат нејзините лидерски вештини, вели Џималита. Во 2020 година Дороти Џин го лансирала „Институтот за лидерство на Дороти Џениус СТЕМ“, кој нуди образовни програми за СТЕМ и предмети за уметност на младите Афроамериканци во Чикаго. Сега, кога го завршила докторатот, дел од летово ќе го помине предавајќи низ организацијата, информирала нејзината мајка.

-Сакам таа да може да зборува, да ја споделува својата приказна и да влијае врз повеќе луѓе. Навистина ужива во тоа – заклучила мајката.

Извор



912

X