Никогаш не истакнувајте ги парите како главна предност на што било ако не сакате да воспитате алчен материјалист.

Ако некогаш сте се запрашале зошто некој добива сѐ во животот, а некој ништо или на кој начин некој станува богат и успешен, а друг не успева и покрај тоа што напорно работи, треба да знаете дека не сте единствените.
Многумина сметаат дека основна причина е потеклото и дека оние што се родени во сиромаштија остануваат сиромашни, или во најдобар случај – просечни. Исто така, распространето е верувањето дека децата родени во богати семејства задолжително ги чека успех и уште повеќе пари.

Но тоа не мора да биде вистина. Токму затоа Денис Џонсон, мајка-милионер, одлучила да проговори! Таа е родена во сиромашно семејство, родила дете на 17 години, а кога го прославила 21. роденден, станала бездомник.
Сепак, во својата 23-та година го заработила својот прв милион! Денес е успешна деловна жена, мајка на пет деца и баба на неколку внучиња. Таа верува дека судбината зависи од воспитувањето во детството, а ова се нејзините принципи во воспитувањето на децата:

1. Целта мора да постои уште во детството

Многу родители би сакале нивните деца да станат лекари, бизнисмени, претседатели… Но многу од нив ништо не прават во врска со тоа прашање. Уште од детството мора да му објаснувате на детето што се работи во некоја професија, како изгледа нивниот живот и кои се бенефитите од одредена професија. Така кај детето уште во детството се буди желба за одредена професија, па уште во основно училиште тоа ќе се труди да си обезбеди услови за истото, почнувајќи од знаење и добри оценки.

2. Без телевизор и мобилен телефон

Не дозволувајте му на вашето дете уредот да му биде најдобриот пријател! Моите деца ги добија своите први уреди на 16 години; ние не сакавме да им ги купиме, а тие сами не можеа да си ги обезбедат бидејќи не заработуваа. Нивниот прв компјутер беше стариот компјутер на нивниот татко. Во куќата никогаш не сме имале телевизор.
Сите тие уреди се виновни што децата не се научени да го ценат времето и дека мора добро да го испланираат. Телевизорот им нуди погрешни животни модели. Телефоните работат наместо нив, па мозокот не им се развива.

3. Научете го детето да ја сака работата

Се наближува викендот, а што слушаат децата од родителите? „Фала му на Бога што е петок! Конечно нема да работам! Мојот шеф е кретен! Сега ќе лежам 48 часа!“
И така децата учат дека работата е тешко и непријатно ропство кое мора да се трпи и кое го цица целиот живот од вас, а викендот треба да се прележи наместо да се направи нешто убаво и корисно. Децата на кои во детството работењето им се прикажува на овој начин никогаш нема да посакаат да покренат свој бизнис или да бидат посветени на работата.

Во моето семејство децата уште од втората година имале обврска да направат одредена домашна работа – да ги соберат валканите алишта и да ги стават во кошницата, самите да фрлат нешто во кантата за ѓубре… До 11-тата година бројот на обврски се зголемуваше во согласност со возраста и тогаш стануваа прилично независни и свесни дека на тој начин „плаќаат“ за тоа што имаат соба, редовни оброци… Поточно, дека ништо во животот не е бесплатно и дека ништо нема да се направи само од себе. Иако имаме пари да си го дозволиме тоа, немаме ни готвачка, ни дадилка, ниту каква било послуга. Сѐ правиме сами.
Вака ќе го научите детето дека некогаш мора да направи и нешто што му е здодевно или не му се допаѓа, но тоа е она што ги развива карактерот и силата на волјата. Ако го работи само она што му се допаѓа, тоа на никаков начин не може да придонесе за поместување на границите во развојот на личноста на детето.

4. Научете го детето дека вие не сте машина за пари

На децата им давам по 50 долари годишно за обувки и им купувам по четири пара фармерки. Ако сакаат луксуз, имаат опција самите да заработат пари или да ги чекаат намалувањата. Децата треба да научат што е потреба, а што е луксуз и до каде треба да одат нивните желби и фантазии. На овој начин моите деца научија да направат приоритети. Најлошо што можете да им направите на децата е да им ги купувате сите работи што вие сте ги немале во детството. Кога ќе пораснат и ситуацијата ќе се промени, или кога можеби вас ќе ве нема, ќе настане голем проблем зашто ќе сфатат дека не постои некој кој и натаму ќе им го обезбедува сето она на кое се навикнале.

5. Што да се прави со вишокот пари?

Кога има „вишок“ пари (на детето ќе му останат по купувањето облека или од дневниот џепарлак), научете го да ги сочува тие пари, а не да купи некаква глупава работа. Научете го детето дека денар по денар навистина станува погача, дека ако секојдневно додава во касичката, на крај може да плати за нешто многу скапо, но квалитетно – курс по јазици, патување…

6. Научете го детето да биде великодушно

Најголемиот број успешни луѓе се великодушни во емоционална и материјална смисла. Научете го детето да не биде завидливо и љубоморно, туку дарежливо. Научете го да ги почитува другите и да не ги вреднува луѓето според длабочината на паричникот, туку според длабочината на душата.



912

X