Воспитување

Мајка ја тера својата 7-годишна ќерка да плаќа сметки за да ја научи на вредноста на парите

На која возраст треба да се научи вредноста на парите?

Една мајка верува дека 7-годишна возраст е соодветниот одговор. Во видео објавено на „Тик-ток“, Фелиција Рае Фарли објаснува како ја учи својата ќерка да извршува задачи за да заработи пари. Нејзината ќерка потоа ги користи тие пари за да ги плаќа сметките. Откако било објавено, видеото имало над 6,6 милиони прегледи.

– Секоја недела мојата ќерка има листа со задачи. Ако тие задачи ги завршува на дневна основа, добива 7 долари на крајот од неделата. Потоа треба да плати сметки за живеењето во куќата. По долар за храна, вода, електрична енергија, интернет и кирија – па плаќа вкупно 5 долари за сметките. Ѝ остануваат 2 долари кои може да ги чува или да ги потроши – вели Фелиција и потоа објаснува дека таа ги зема парите за сметки од ќерка си и ѝ ги става на сметка. Кога ќе наполни 18 години, ќе има пристап до тие пари, па ќе сфати дека ѝ самата заштедила и ќе ја разбере вредноста на парите.

Многумина коментирале дека ова е генијална идеја и оти посакуваат да се сетеле на вакво нешто додека биле помлади. „Ова е неверојатно! Јас едвај научив да создавам буџет на 22 години, но благодарам на овој совет“, напишал еден од корисниците.

„Посакувам да бев научен да штедам како дете! Ќе го сторам истото кога моите ќерки ќе бидат малку поголеми“, напишал друг корисник. Сепак, не сите се согласуваат со оваа тактика. Некои го критикуваат изборот да им се даде одговорност на толку мали деца.

„Ова е симпатично, но вашите деца се премногу мали за да плаќаат за животот кој всушност и не го побарале. Засега треба вие да обезбедувате за нив“, стои во коментарите.

Друг додал: „Научете ги дека имате топол дом со добри нешта и вода и дека не ви се потребни пари, па можете да почекате додека станат доволно возрасни за да работат и потоа да ги добијат работите што ги сакаат“.

Како одговор на критиките, Фелиција напишала: „Истражувавме многу пред да го започнеме ова пред една година“. Исто така, додала дека никогаш не размислувала за парите, но драго ѝ е што одгледува и воспитува благодарни деца.

Автор: Едејн О’Конел

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top