Низ целокупниот тренинг во ЦИА се проткајува идејата да се биде подготвен. Бидејќи агентите на ЦИА не може да ја избегнат опасноста, тие мора да бидат подготвени да преживеат сè и сешто. Уште на првите тренинзи агентите учат да даваат прва помош и како да се движат по различни патеки. Подложени се на најтешките сценарија за тренирање со надеж дека кога ќе се сретнат со такви ситуации во реалниот живот, ќе се снајдат и ќе успеат во мисијата.
Иако овие примери звучат екстремно, а тематиката се децата, сепак, подготовката на децата однапред им ја дава најдобрата шанса во преживувачко сценарио. Тоа се прави преку давање алатки на децата и знаење за да се снајдат и да издржат во речиси секоја ситуација. Слично на тренингот од ЦИА, идејата е децата да бидат подготвени за итни ситуации, со надеж дека во реалниот живот нема да имаат такви случки.
Мојот сопруг Рајан и јас препорачуваме да си најдете сопствен простор каде што ќе може да спроведувате тренинзи со децата, а даваме совети за она што веруваме дека се најдобри и најважни техники и вештини на кои треба да ги научите децата.
Направете сетови за преживување со вашите деца
Без разлика дали децата се мали и спремни за авантури или тинејџери кои се подготвуваат да возат автомобил, седнете заедно на маса и направете лични, персонализирани сетови за преживување. Децата нека избираат што треба да има во сетот и нека разберат која е функцијата на секој предмет внатре.
Научете ги да импровизираат
Уверете се дека децата знаат како да импровизираат кога технологијата ќе потфрли. Во свет преполн со мобилни телефони и мапи, децата треба да ги разберат ризиците од зависноста од технологијата за да излезат од неволја. Во сценарио со катастрофа, мобилните и технологијата може да не функционираат, па децата треба да бидат подготвени. Една вечер кога нашите ќерки сфатиле дека некој ги следи, застанале на бензинска станица и прашале дали може да го искористат телефонот бидејќи нивните ги заборавиле дома. Во совршен свет, тие не би ги заборавиле мобилните, но светот не е совршен. Мора да запомниме дека ова се деца и не можат да го запомнат баш секој совет што ќе им го дадеме. Треба да знаат како да мислат со своја глава. Вежбајте со нив поминување низ различни сценарија за да видите како размислуваат и како би постапиле во одредени ситуации. Ако сфатат дека некогаш работите се одвиваат различно од нашите очекувања и дека не можат секогаш да се потпрат на технологијата, тоа ќе им помогне да се подготват за смислување алтернативни планови.

Вратете се на основата
Кога работите не одат според планот и децата се принудени да импровизираат, знаењето како да се користи мапа и компас и сфаќањето каде е исток, запад, север, југ, може да бидат не само корисна вештина, туку и живото-спасувачка. Децата треба да имаат основни знаења и свесност за основните навигациски техники, како на пример од каде изгрева сонцето и слично. Можете да ги научите децата и да користат одредени знаменитости за да се ориентираат. Со сето тоа децата ќе ја имаат самодовербата и способноста да се снајдат и во поголеми и непознати места.
Семејно место за среќавање
Кога сме кај локации, се препорачува да имате тајна семејна локација во која би се наоѓале во случај на итност, или ако се разделите поради некаква катастрофа или слично случување. Треба да имате опција А и опција Б. Ако, на пример, опција А е вашиот дом, а се случил масовен пожар, тогаш потребна ви е алтернативна локација, опција Б, каде што ќе се сретнете подоцна, доколку е возможно.
Вештините за укажување прва помош се неопходни
Како што и во ЦИА агентите учат да даваат вештачко дишење и да извршуваат срцева компресија за спасување човек во животна опасност, и децата треба да го знаат тоа. Сигурно во местото во кое живеете се вршат обуки на таа тема, па посетете ги.
Заклучок
Вклучувањето на ваквите техники ќе им помогне на децата секогаш да бидат подготвени. Се препорачува и максимално да ги искористувате деновите со своите деца, да го отстраните стравот од семејството и да овозможите мир кој доаѓа од самата подготвеност, па со тоа ќе можете да „инсталирате“ и смиреност кај децата. И не заборавајте да се забавувате.
Автор: Кристина Хилсберг