Игротека

Мајка-херој му го остварила сонот на синот кој боледува од церебрална парализа

Овие денови на „Твитер“ почна да се шири видео од една мајка што вози скирол со нејзиниот син, кој има церебрална парализа. Станува збор за 31-годишната Лау Патрон, мајка од гратчето Порто Алегре во Бразил, која на својот седумгодишен син Џон одлучила да му го исполни најголемиот сон. Џон има церебрална парализа, но има огромна желба да научи да вози скирол.

На видеото се гледа колку е среќно момчето што конечно може да доживее како е да се вози скирол во скејт-парк. Среќна е и неговата мајка.

Ништо од ова не би било можно ако упорната мајка не го најдеше здружението „Студио Неуро“ со кое се поврзала, а кое им овозможува на децата со тешкотии да застанат на скирол и да пробаат да возат.

Токму ова здружение уште во 2015 година го развило проектот „Скејтанима“ за сите деца што боледуваат од церебрална парализа, во чии рамки им помогнало на овие личности да научат да возат скирол со посебни помагала што ги туркаат нивните родители.

 

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top