Воспитување

Мајка го снимила синот додека имал излив на бес

Инфлуенсерката Скај Витли, која учествуваше во австралиското реално шоу „Големиот брат“, се нашла на удар на критики откако објавила видео во кое нејзиниот син има излив на бес додека купуваат во супермаркет. Нејзиното најмало дете, момчето Беар, почнало да вреска и да скока додека семејството било на шопинг. Потоа се фрлило на подот и почнало да клоца со нозете, а Скај му рекла дека ќе го добие она што го сака ако стане.

„Смири се. Дали ќе престанеш да се фрлаш на подот? Стани, те молам“, му рекла мајката на лутото двегодишно дете.

Во следниот момент се покажува задоволното и мирно момче, како го држи нештото што сакало претходно да го купи. Корисниците на „Тик-ток“ жестоко реагирале на целата ситуација. Некои ја пофалиле мајката затоа што ја покажува реалната слика за родителството, но повеќето ја критикувале затоа што во таков момент го снимала своето дете, а потоа го наградила за недоличното однесување.

„Веројатно е лут затоа што му го ставате телефонот в лице“, коментирало едно лице.

„Како мајка на три деца, нема шанси по ваков испад да му купам нешто“, коментирала една мајка.

-Замислете дека ве обземаат емоции, а некој ви го вперува телефонот в лице и ве снима затоа што сака да го прикаже „вистинскиот живот“ – се вели во друг коментар.

„Испади на гнев се нормален дел од развојот на мозокот на малото дете, тоа не е негативен одраз на лошото однесување на родителите, па дури и на детето“, вели трет.

„Го снимате детето наместо да го смирите, а потоа го поткупувате за да го научите на добро однесување. Сè е отидено по ѓаволите“, саркастично коментира четврто лице.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top