Воспитување

Мајка го снимила необичното ползење на нејзиниот син – видеото ги насмеало луѓето

Мелинда Хач споделила преслатко видео од нејзиниот син на „Тик-ток“. Таа го снимила необичниот метод кој го користи бебето додека ползи и го објавила видеото за да открие дали тоа го прават и други деца.

Додека момчето се турка на подот, тоа не го прави со секоја нога, туку со еден прст, поточно со палецот. Неговиот метод ја насмеал Мелинда, но и многумина што го погледнале видеото на популарната платформа. Луѓето во коментарите се шегувале дека момчето го има најсилниот прст на светот.

„Ова е преслатко“, „Неговиот палец е посилен од мојот“, „Овој палец ја има целата моќ на светот“, „Децата се навистина чудни, тие имаат толку необични решенија“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top