Дилан Буселот на својот тик-ток профил објави видео од нејзиниот замрзнувач полн со измолзено мајчино млеко.
Многумина што го погледнале видеото велат дека е себична бидејќи млекото го чува за себе, односно за своето дете. И додека некои беа импресионирани од количината на млеко, други сметаа дека треба да го донира.
– Многу мајки ќе дадат сѐ за малку млеко, затоа треба да го донираш за оние што го немаат – е еден од коментарите.
– Бебињата лежат на интензивна нега, а нивните мајки немаат млеко. Помогни им – вели друг коментар.
Измолзеното млеко на собна температура од околу 25 степени може да стои од 4 до 6 часа, а во фрижидер останува свежо до осум дена. Во замрзнувач може да стои две недели. Во замрзнувач со длабоко замрзнување на температура од -19 степени може да остане шест месеци или подолго.
Денес, постојат 239 банки за мајчино млеко во Европа.