Игротека

Мајка го објавила планот за учење на нејзините деца: Час по домаќинство – како да ѝ се направи кафе на мама

Мерките за изолација и карантинот натераа многумина да ја покажат својата креативна страна за што поуспешно да се снајдат во „новото нормално“. Една мајка на „Фејсбук“ ги воодушеви сите со својата идеја за наставата на своите деца дома.
Таа го објави планот за учење што го наменила за децата. Вели дека со нејзиниот план децата и учеле и извршувале задачи низ дома.

9:00 – домаќинство: како да ѝ се направи кафе на мама.

10:00 – техничко: како да се состави правосмукалката и да се употреби.

11:00 – физичко: собирање на ѓубрето по куќата и трчање до кантата во дворот.

13:00- хемија: како се избелува веце-школката;

14:00 – географија: на кое место припаѓаат работите и играчките што децата ги расфрлиле по куќата – враќање на место за да може тие да се користат и следниот ден.

15:00 – наука: како течноста за миење садови ја отстранува маснотијата од панталоните;

17:00 – воннаставна активност: одете во својата соба и бидете тивки.

 

Извор

Поврзани написи

To top