Воспитување

Мајка ги споделува деветте минути што се најважни во денот на детето – терапевтите се согласуваат

Во денешниот свет, кога и двајцата родители обично се вработени за да го издржуваат своето семејство, ретко кој од нив има можност да го помине целиот ден со своите деца. Затоа, како родители, мораме да дадеме сè од себе да бидеме покрај нив кога најмногу им требаме.

Сара Мартинез вели дека има три клучни моменти во денот кога родителот треба да биде со своите деца: три минути откако ќе се разбудат, три минути откако ќе се вратат дома од училиште или дневен престој и три минути пред да си легнат.

Неврологот Јаак Панксеп е заслужен за деветминутната теорија.

-Тоа е вообичаена нишка меѓу родителите, од оние што остануваат дома со извршување повеќе задачи до вработените родители кои се соочуваат со свои уникатни предизвици – истакнала Мартинез.

Терапевтот Џоана Зајдел потенцира дека деветминутната практика е веројатно поврзана со теоријата на приврзаност.

-Сите периоди што мајката ги споменува во видеото се значајни, тоа се времиња на рутина и транзиција, односно моменти кога присуството на родителот е клучно – изјавила Зајдел.

Таа додала дека присуството на децата во овие три клучни моменти помага да се поттикнат безбедноста, конзистентноста и значајното присуство.

-Сето ова формира безбедна, емоционална и физичка основа за развојот на вашите деца – истакнала таа.

Деветминутната теорија предизвикала позитивни реакции кај многу мајки кои го погледнале видеото.

-Ова е толку утешна теорија за зафатените мајки – напишала една корисничка.

-Не сум совршена, но можам да се обидам да бидам присутна во тие девет минути – додала друга.

-Ви благодариме што ја споделивте оваа теорија – коментирала трета.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top