Од сите случајни инциденти што можат да им се случат на децата, голем дел од родителите ќе се согласат дека најлошите ја вклучуваат косата. Кога нешто ќе се заплетка во косата на детето, неизбежен е хаосот.

Ова го открила на најлошиот можен начин Лиса Ширлинг Хоелзл кога открила дека на косата на нејзината ќерка се заглавени популарните играчки „Bunchems“.

Додека играле во подрумот, нејзиниот син Ноа фрлил кутија полна со „Bunchems“ на главата на нејзината сестра Абигејл. Станува збор за ситни топчиња слични на „чички“ од кои можат да се создаваат различни креации.

Така, во косата на Абигејл се нашле дури 150 вакви топчиња, плеткајќи ѝ ја косата, при што на мајката ѝ биле потребни 3 часа за да отстрани 15 од нив.

– Можеби некои родители ќе се фатеа за ножиците, но јас бев одлучна да ја спасам долгата коса на ќерка ми, па цел ден го поминав расплектувајќи ја – напиша таа на Фејсбук, објавувајќи фотографија од косата на својата ќерка преполна со шарени топчиња.

Како што вели, ѝ помогнале разни производи, како што се регенератор за коса и минерално масло.

– За среќа, Абигејл не плачеше премногу, што е неверојатно со оглед на фактот дека повеќето деца не можат да издржат да седат повеќе од 5 минути, а камоли повеќе од 20 часа – додава Лиса.

Извор



912

X