Миа ги споделила предизвиците со кои се соочуваат жените кога се враќаат на работа по породилното отсуство. На „Тик-ток“ таа објаснила дека мајките се соочуваат со неочекувани притисоци кога се враќаат на работа со полно работно време.
– Дали знаевте дека на вашите деца најмногу им требате од раѓање до четиригодишна возраст? Сепак, повеќето мајки се принудени да се вратат на работа во првата година од животот на своето дете – вели оваа Австралијка.
Во двеминутното видео Миа тврди дека враќањето на работа е една од најтешките работи за мајките и дека е важно да не се претпоставува оти жените повеќе сакаат да работат отколку да бидат дома со своите деца.
– Морате да се вратите на работа од финансиски причини. Расте анксиозноста, а има и притисок од работодавецот да работиме како да немаме деца дома. Ако бараме флексибилно работно време или работа со скратено работно време, се чувствуваме како да ги малтретираме другите – додала таа.
Објаснува дека мора да ја пропушти работата кога децата се болни, што на крајот резултира со помалку слободни денови или пократок одмор.
„Сите знаеме дека градинките се полни со бактерии, така што децата се болни секоја втора недела, а ако имате повеќе од едно дете, тоа е како ефект на бран. Исто така, ако детето не е во градинка само неколку дена, ние ја плаќаме целата цена на градинката, што е дополнително оптоварување на буџетот на домаќинството. Значи, губите пари затоа што не сте на работа, а плаќате и за дневен престој иако детето останува дома. Во основа, работите за да ја платите градинката, а во девет од десет случаи не вреди“, истакнала таа.
Се јавува и мајчинска вина
Покрај тоа, мајките мора да најдат и емоционална сила да се справат со вината што ја чувствуваат кога го оставаат своето дете, а тоа плаче. „Тие врескаат по тебе, а ти треба да си заминеш како сè да е во ред. А потоа доаѓаш на работа и цел ден размислуваш за децата и како им оди. Сакате да бидете покрај возрасните и да водите разговори за возрасни, но истовремено сакате да бидете дома со своите бебиња“, изјавила таа.
Миа морала да најде начин да заработува сама за да може да поминува повеќе време со своите деца, па започнала бизнис така што создава „Тик-ток“ содржини за брендови.
„Благодарна сум што успеав да започнам сопствен бизнис и се надевам дека ќе бидам инспирација за другите мајки да го сторат истото“, заклучила таа.
Балансирањето помеѓу работата и родителството е проблем со кој треба да се справат милиони мајки, а многумина се согласуваат дека мајките не треба да бидат принудени да избираат меѓу двете.