Игротека

Мајка ги дои синовите на возраст од 5 и 6 години: „Не сакам да му ставам крај на тоа без потреба“

Мајка која ги дои своите два сина – на возраст од пет и шест години – пред и по училиште, рече дека нема да престане додека тројцата заедно не одлучат дека е време.

Шерлин Вин од Западен Јоркшир, Велика Британија, инсистира на тоа дека доењето на нејзините синови Рајли и Мајло, кои имаат 5 и 6 години, е сосема нормално и дека тоа ја зацврстило врската меѓу нив. Сепак, таа кажува дека добива негативни коментари од непознати луѓе, па дури и од членови на семејството.

Планирала да престане да ги дои децата кога Рајли наполнил 3 години, но потоа сфатила дека сака тие да бидат дел од одлуката.

– Цело време размислувам кога да престанам. Според мене, не е правилно да му ставам крај на доењето без потреба. Тоа е она што тие го бараат и е биолошки нормално, дури и ако не е нормално за општеството. Го почнавме разговорот кога Рајли имаше три години, кога би престанале да пијат млеко, а Рајли рече дека кога ќе наполни 10 години – вели мајката.

Објаснува дека ова е нешто што ги вклучува сите, па одлуката да престанат треба да ги вклучи сите.

– Изборот не е само мој – тоа е врска и е нешто што треба да го правиме заедно – вели таа.

– Не е дека немам избор. Многу пати побарале и јас им велам да престанат. Некогаш се прашувам дали можат да цицаат цела вечер – вели мајката. И покрај негативните коментари од семејството и од пријателите, Шерил го гледа доењето како начин да се поврзе со своите синови.

– Се работи за удобност и пријатност. Ако се болни, тоа е местото каде што сакаат да бидат и тоа им помага да се смират. Но, не живееме во општество што го поддржува ова – раскажува мајката.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top