Научниците од Универзитетот во Белгија дошле до интересен заклучок дека родителите со повисок степен на образование се под поголем притисок кога се работи за воспитувањето на децата. Причината е тоа што имаат преголеми очекувања од себе. Резултатите од студијата се објавени во списанието „Границите во психологијата“. И тоа е само капка во морето од грижи и проблеми што ги носи родителството.

Ситуацијата дополнително ја влошуваат социјалните медиуми на кои луѓето имаат обичај да се прикажуваат во најдоброто, а благодарение на различните филтри, често и нереално издание. На младите мајки тоа може да им причинува непотребен стрес бидејќи често несвесно повеќе внимание ќе му посветат на својот изглед отколку на своите емоции, а тие се клучни, особено во периодот по породувањето кога доаѓа до хормонски промени, а жената се наоѓа во една сосема нова ситуација.

Студијата објавена во списанието „Журнал за детски и семејни студии“ покажала дека колку повеќе мајките се посветуваат на воспитувањето на децата, односно се фокусираат на родителството, а притоа ги занемаруваат останатите фактори на својата личност, толку повеќе трпи нивното ментално здравје.

Она што научниците за потребите на оваа студија го нарекле „интензивно мајчинство“ е поврзано со негативното влијание врз менталното здравје на жените. Под „интензивно мајчинство“ се подразбира ситуација во која мајката ги извршува повеќето родителски задачи и во поголем дел од времето се грижи за децата.

Освен што родителите би требало да ги споделат обврските околу децата, мајката може да се ослободи така што дел од задачите ќе им ги подели и на децата. Ќе ги задолжи да извршат едноставни домашни работи, ќе ги праша што би јаделе (понекогаш исцрпува и секојдневното смислување оброци).

Мајчинството не е ни малку лесно и иако е најубавата задача на светот, многу исцрпува. Затоа мајките треба да најдат време за себе. Тука спаѓаат и десетина минути поминати под топол туш.

Извор



912

X