Новата студија објавена во научното списание „Џурнал оф педијатрикс“ го истражуваше начинот на кој децата реагираат на два типа аларми: аларм за пожар од кој произлегува гласен звук и аларм на кој е снимен мајчиниот глас како вели: „Разбуди се! Стани од креветот! Излези од собата!“

Резултатите се неверојатни: во просек од 2 секунди децата се разбудија и реагираа на гласот на својата мајка, додека просечното време на алармот за пожар беше 156 секунди, што значи дека на децата им требаа речиси три минути за да станат и да излезат од собата. Мајчиниот глас ги разбуди околу 90 проценти од децата и 86 проценти од нив ги поттикна успешно да го комплетираат целиот план за евакуација во рок од пет минути по звукот на алармот, односно од гласот на мајката. Додека, пак, само 52 проценти од децата се разбудиле по класичниот аларм за пожар и 51 отсто од нив успешно го комплетираа планот за евакуација, истакнаа научниците. Ова покажа како снимката со драматичниот глас на мајката е многу поефикасна во случај на опасности, за разлика од традиционалниот звук на алармот за пожар.

Истражувањето исто така нагласува дека постои нешто уникатно во детскиот мозок што му овозможува на детето да го чуе гласот на мајката, и ова истражување е едно од низата истражувања што покажале колку е силна биолошката врска помеѓу мајката и детето и дека буквално може да биде од животна важност. Се разбира, научниците сакаат и да ја нагласат важноста на заштитата од пожари бидејќи половина од жртвите настрадале во пожари што се случувале навечер, па затоа барањето начин да се предупредат членовите од семејството за потенцијалната опасност е од клучно значење.

За жал, аларм за пожар со можност за снимање и пуштање глас во случај на опасност сè уште не постои на пазарот, но истражувачите се убедени дека поради ова и слично истражување, наскоро можеме да очекуваме да се појави таков аларм бидејќи се работи за ситуација опасна за живот – 156 секунди наспроти 2 секунди може да бидат од животна важност.

 



912

X